Уште еден фудбалер на Јувентус заразен со коронавирус

По Даниеле Ругани, Јувентис има уште еден случај на заразен со коронавирусот.

Клубот од Торино соопшти дека Блез Матуиди е позитивен на коронавирусот.

Матуиди од 11 март е во домашна изолација.

-Ќе продолжиме да ја следиме неговата состојба. Тој ќе работи сѐ по свој режим. Моментно добро се чувствува, се вели во соопштението од Јувентус.

Сите фудбалери на клубот одамна се во карантин, односно откако беше потврдено дека Ругани е заразен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа