Наградата за животно дело во рацете на Гаро Тавитјан

Македонскиот тапанар Габарет Тавитјан е добитник на овогодинешната наградата за животно дело. 

Гарабет Тавитјан (1953) е врвен македонски тапанар, со ерменско потекло. Тој некогаш беше и член на култната група „Леб и сол“. Освен како тапанар, во неколку песни се појавува како вокал (како на пример песната „Распукала Шар Планина“). Претходно беше член на неколку други скопски групи, а подоцна е основач и на составот „Парамециум“ во кој членуваа и неговите синови Диран и Гаро, кои сега се познати како „Браќата Тавитјан“.

Изминативе години, во двата албумски проекти за музичко обединување на Балканот- „Македонското срце чука во 7/8“ на „Браќата Тавитјан“, Гарабет ја имаше клучната улога, обезбедувајќи ги најпознатите пејачки ѕвезди од поранешните ју простори, негови колеги, соработници и почитувачи.

Инаку, наградата на македонската легенда ќе и биде доделена на музичкиот фестивал „Еврофест“ што на почетокот на ноември ќе се одржи во Скопје.

20.10.2013 - 10:37
Фото: 
Канал5

најчитано сега