Поранешниот претседател на Реал во критична состојба поради коронавирусот

 

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц се наоѓа на интензивна нега во болница поради коронавирусот.

Шпанскиот весник Марка пишува дека тој е во тешка состојба и оти отишол во болница со висока температура.

Санц има 76 години и е во високоризичната група на заразени.

На местото претседател на Реал Мадрид беше во периодот од 1995 до 2000 година кога великанот освои две титули во Лигата на шампионите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега