Филипе Кутињо има шанси да се врати и во Премиер лигата

Денеска се појавија инфрмации дека по крајот на сезоната Филипе Кутињо би можел да се врати во Барселона. Некогашниот играч на Ливерпул во моментов е на позајмица во Баерн Минхен, но мали се шансите Баварците да го откупат креативниот офанзивен играч за врска.

Според пишувањата на мадридски „АС“, враќањето во Барселона не е единствената опција за Кутињо.

Играчот кој најдобрите партии ги пружаше во Ливерпул би можел да се врати во Премиер лигата, но не на „Енфилд Роуд“. Според шпанскиот медиум, Челзи размислува да го откупи Бразилецот.

„Сините“ наводно веќе ги контактирале застапниците на бразилскиот играч. Тој би пристигнал како замена за својот сонародник Вилијан на кого му истекува договорот по крајот на сезоната. Сега останува да се сочека само продолжението од првенствата. Баварците и понатаму имаат право на предност при купувањето доколку го гледаат Бразилецот и следната сезона во своите редови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа