Тони Крос со нов предизвик за сите фудбалски фанатици (Видео)

Во време кога за сите е најдобро да останеме дома и да бидеме во изолација, спортистите смислуваат најразлични начини за забава. Веќе неколку дена хит на социјалните мрежи беше предизвикот да се жонглира со тоалетна хартија. Тоа го направија речиси сите познати светски ѕвезди.

Сега Тони Крос, фудбалерот на Реал Мадрид, се пофали со нова вештина, а воедно може да биде добра најава за нов предизвик и за останатите фудбалери, но и фудбалски вљубеници.

Крос покажа како добро ја контролира топката и како тоа може да го направи одејќи наназад, односно како да има „очи на грбот“. Можете ли и вие да го повторите ова што го направи Крос?

23.03.2020 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега