Андерлехт пред банкрот поради коронавирусот

Белгиски Андерлехт се наоѓа во финансиски проблеми поради пандемијата од коронавирусот.

Извршниот директор на клубот, Карел ван Етвелт го потврди ова, а локалните медиуми пишуваат оти клубот ги прогласил за технолошки вишок сите вработени.

Тоа значи дека сите ќе примаат максимум до 70 отсто од просечната плата.

Што се однесува до играчите, тие и натаму ќе ги имаат истите примања.

Андерлехт веќе некое време работи лошо, а минатата година имаа загуба од 27 милиони евра, со што вкупниот долг им скокна на 100 милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега