Сопственикот на Олимпијакос излекуван од коронавирусот

Сопственикот на Олимпијакос и Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, објави дека е излекуван од коронавирусот.

Грчкиот богаташ на 10 март објави дека е позитивен на КОВИД 19 и дека е ставен во 14-дневен карантин. Тој успеа да го победи вирусот. После 14-те дена направил нов тест кој бил негативен.

Поради него во Арсенал беше нареден карантин затоа што тој присуствувал на „Емирати“ на мечот меѓу Олимпијакос и Арсенал во Лига Европа.

И фудбалерите на Олимпијакос и на Нотингем Форест биле тестирани за корона вирус и резултатите биле негативни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега