Градот Скопје ќе му донира 50.000 евра на Загреб по серијата земјотреси

 

Градот Скопје ќе донира 50.000 евра помош за Загреб, кој деновиве беше погоден од серија земјотреси.

-Градот Скопје, како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб, ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси кои деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета. Одлуката за хуманитарна помош, која е во износ од 50 илјади евра, ја потпиша градоначалникот Шилегов, информираат од Град Скопје.

Градоначалникот Шилегов телефонски разговарал со својот загрепски колега Милан Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, се договориле помошта, која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овој пат да биде, како што велат од Град Скопје, симболична финансиска сума.

Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија на земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над 5.500 оштетени објекти.

Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега