ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофалното менаџирање на СДСМ чини човечки животи и економски колапс

Неспособноста, расипништвото и корумпираноста на Заев и неговите соработници, не смее да се плаќа со пари од џебот на работниците кои едвај преживуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Костадинов.

Од партијата велат дека СДСМ безмилосно ги троши парите на граѓаните, и најавува кратење на платите на работниците и администрацијата.

„Вистината од далеку се гледа, без Костадин Костадинов да шири лаги од партиската говорница.

Вистината е дека само за четири дена платени се 8 милиони денари од власта за репрезентации, услуги во ресторани и патувања.

Власта дури не штедела ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Потрошени се 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.

Владата на Република Македонија предводена од СДСМ цел мандат го лаже народот дека државата блеска, а по само три седмици од појавувањето на коронавирусот, македонската економија доживува колапс.

За жал додека здравствените работници се соочуваат со огромни недостатоци на медицински материјали како респиратори, маски и ракавици, Зоран Заев сака да ги скрати платите на работниците кои едвај го поминуваат месецот.

 

Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди“ велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега