Поделени заштитни маски и ракавици во Општина Шуто Оризари

Општина Шуто Оризари денеска соопшти дека во интерес на здравјето на граѓаните и како заштита од коронавирусот се поделени две илјади заштитни маски во оваа локална самоуправа.

Од Општина Шуто Оризари потсетуваат дека на 19 март годинава набавиле 1.000 заштитни маски и 1.000 ракавици. Четири мобилни тимови ги поделие на постари граѓани од Општината и на семејствата со кои живеат.

Во текот на денешниот ден во координација со Кризниот општински штаб се дезинфицирани останатите 15 затворени објекти на територија на Општна Шуто Оризари, на потегот од мостот до ООУ „26 Јули“.

-Со денешната акција опфатен е целосен процент на дезинфекција на затворени објекти на територија на Општина Шуто Оризари. Вкупно дезинфицирани се 40 објекти, соопшти Општина Шуто Оризари. Додаваат дека вкупно 340 семејства добиле хуманитарни пакети од СДСМ и имамот Али Берат.

Досега во Општина Шуто Оризари направена е дезинфекција на 25 објекти, од кои седум мали објекти и 18 големи објекти, вклучувајќи ја поликлиника Шуто Оризари и една приватна здравствена установа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега