ВМРО-ДПМНЕ: Владата да расправа за доброволно откажување од платите на министрите

Ја повикуваме Владата да расправа за доброволно откажување од платите на министрите и на истата седница да расправа за Законот за финансирање на политички партии, наведено е во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

На истата владина седница на која ќе се расправа за доброволно откажување од платата на Рената Дескоска од 70 илјади денари, на братучедот на Дескоска, Николче Тасевски, кој ќе се откаже од платата од 188 илјади денари, на Оливер Спасовски од 90 илјади денари, на Радмила Шекеринска од 80 илјади денари, повикуваме да се расправа и за законот за финансирање на политички партии. Да не се заборави и на Дамјан Манчевски кој ќе ја докаже хуманоста кој ќе се откаже од платата од 70 илјади денари, Мила Цароска од платата од 74 илјади денари и Роберт Поповски од платата од 72 илјади денари како и Никола Димитров од платата од 72 илјади денари“, наведено е во соопштението.

Сè додека ова не е се случи, посочено е во текстот, излегува на површина лицемерието на Дескоска, Спасовски и цела дружина на Заев, на виделина излегува целата неспособност на Владата на Заев.

„За 3 години Владата на СДСМ потроши 11 милиони евра за служени патувања, репрезентации, кафеани и ресторани, непродуктивно трошејќи ги мачно заработените пари на граѓаните. 3 години капиталните инвестиции беа на катастрофално ниско ниво, немаше изградба на нови болници, немаше набавка на медицинска опрема, напротив Македонија секоја година губеше 100-тици доктори благодарение на иселувањето. Во време на вонредна состојба министрите на Заев, Шекеринска и Димитров потрошија 8 милиони денари на кафеани и службени патувања. Македонската економија е во очајна состојба, на стопанството му е потребна сериозна помош за да ја преброди кризата со корона вирусот, во овие тешки времиња на граѓаните најмалку им е потребно политиканство“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега