Мисајловски: СДСМ сака да крати плати, а во исто време распишува оглас за вработување на административци

Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, при гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, во врска со кратењето на платите на администрацијата истакна дека нелогично е да зборуваме за кратење на плати кога еден куп нови авторски договори се потпишуваат од страна на 65 државни институции.

-Добиваме различни изјави деновиве пред неколку дена слушнавме дека буџетот е во одлична кондиција, подоцна слушнавме дека фалат дека 1.3 милијарда ерва, сега од Кочо Анѓушев слушнавме дека ќе фалат 2 милијарди евра. Со две недели криза немаме доволно пари во буџетот, а од друга страна слушаме дека сме најдобри во Европа на секој можен план, вели Мисајловски.

Тој вели збориме дека треба да ги скратиме платите во администрацијата, а денеска видовме дека еден куп нови договори, авторски договори со многу институции во Македонија се потпишуваат.

-65 институции потпишуваат нови договори за да се вработат нови луѓе, од каде потребата за тоа? Зошто се трошат 15 милиони денари во општина Гази Баба и 11 милиони денари во општина Ѓорче Петров, велиме дека мора да се скратат платите а денеска имаме многу нови договори? – праша Мисајловски.

Тој истакна дека има вработени во администрацијата кои земаат годишно над 30 илјади евра, а обичен вработен администртарција на годишно ниво зема 3-4 илјади евра и не можете да ги споредите, нема да можеме утре да ги мотивараме граѓани да трошат, треба да бидеме реални.

-ВМРО-ДПМНЕ дава одлични предлози и мерки коишто треба да се спроведат, и стои на располагање на владата, но граѓаните треба да ја знаат реалната слика затоа што се соочуваме со ситуација со недостаток на ракавици и опрема за медицинскиот кадар, истакна Мисалјовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега