Измена на возниот ред на јавниот превоз за викендот

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека согласно одлуката на Влада на Р.М. за забрана за движење на население за време на викендот во период од 16 до 05 часот, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

Од 7.30 до 13 часот во сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.

Од 7.30 до 14 во сабота ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.

Во недела, од 7.30 до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.

*Од 7.30 до 14 часот во сабота ќе работат центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар.
Во недела ќе бидат затворени.

Билети можат да се купат и во над сто маркети и трафики.

Последните термини на поаѓање на линиите 4, 4А, 8, 16, 21, 27, 28 и 59 се исти како и во сабота.
Линиите 13, 17, 21А и 42 не сообраќаат.

Линија 2 14.35 ч од Автокоманда 14.45 ч од Сарај
Линија 2А 13.11 ч од Железара 14.05 ч од Сарај
Линија 3 15 ч од Панорама 15 ч од Сп.сала Јане Сандански
Линија 3Б 13.18 ч од Кв.пазар 14 ч од Панорама
Линија 5 15.07 ч од Н.Лисиче 14.49 ч од Дексион
Линија 7 14.42 ч од Г.Лисиче 14.59 ч од Карпош 3
Линија 8 15 ч од Љ.пат 15 ч од Влае
Линија 9 15.06 од Кл.центар 14.31 ч од Ск.север
Линија 15 14.55 ч од Н.Лисиче 14.15 ч од Карпош 4
Линија 15а 14.20 ч од Н.Лисиче 15 ч од Карпош 4
Линија 19 14.20 ч од Карпош 4 14.12 ч од Ш.Оризари
Линија 22 15.05 ч од Тр.центар 14.55 ч од Лепенец
Линија 22А 15.03 ч од Кл.центар 13.50 ч од Лепенец
Линија 24 15.10 ч од Припор 15.10 ч од Тафталиџе 2
Линија 41 15.12 ч од Тр.центар 14.52 ч од Драчево Типо
Линија 50 15.08 ч од Хиподром 15.20 ч од Кл.центар
Линија 57 15.11 ч од Радишани 14.54 ч од Козле
Линија 65В 14.53 ч од Тр.центар 15.06 ч од Стајковци Бр.пат

Линии на приватни превозници:

Сабота(28.03.2020 год)

Линија 9 14.52 ч од Кл.центар 14.59 ч од С.Север
Линија 11 14.25 ч од Тр.центар 14.25 ч од Рашче
Линија 11а 14 ч од Тр.центар 13 ч Свиларе
Линија 12 14.40 ч од Шишево 15.05 ч од Ск.саем
Линија 19 14.45 ч од Карпош 4 15 ч од Ш.Оризари
Линија 20 15 ч од Тр.центар 15 ч од Ш.Оризари
Линија 22 14.53 ч од Тр.центар 14.26 ч од Лепенец
Линија 23 14.54 ч од Ченто 14.54 ч од Дом на печат
Линија 45 15 ч од Тр.центар 15 ч од Ченто
Линија 47а 13.30 ч од Тр.центар 14.15 ч од Љуботен
Линија 52 13.20 ч од Тр.центар 14.20 ч од Ржаничино
Линија 55 14.50 ч од Арачиново 14.50 ч од Тр.центар
Линија 61 15.30 ч од Тр.центар 14.45 ч од Побожје
Линија 63 14.10 ч од Тр.центар 13.20 ч од Мралино
Линија 73 14.20 ч од Усје 15 ч од Ск.саем

Недела (29.03.2020 год)

Последни поаѓања на возилата на линиите 9, 11, 11а, 12, 20, 45, 47а и 63 ќе бидат во истиот термин како и во сабота.
Линија 73 нема да сообраќа.

Линија 19 14.40 од Карпош 4 15 ч од Ш.Оризари
Линија 22 14.45 ч од Тр.центар 14.35 ч од Лепенец
Линија 23 14.55 ч од Ченто 14.55 од Ченто
Линија 52 13.10 ч од Тр.центар 14.20 ч од Ржаничино
Линија 55 13.55 ч од Тр.центар 14.30 од Арачиново
Линија 61 13.50 ч од Тр.центар 14.45 ч од Побожје

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега