ВМРО-ДПМНЕ: Тестовите на државно поскапи и до 4 пати, кредитите не се стопирани, мерките не се доволни

ВМРО-ДПМНЕ објави „факти кои го одбележаа денот“. Според партијата, во ек на пандемијата од коронавирусот, тестовите во државното здравство се четири пати поскапи од оние во приватните клиники.

1.Бизнис и неспособност.Во ек на пандемија на корона вирус, тестовите во државното здравство се 4 пати повисоки од тестовите во приватното здравство.

2.Заев ги излажа граѓаните.Нема генерална одлука за стопирање на кредитите.

3.Хипокризија на дело.Власта најавува намалување на платите на вработените, а во исто време распишува огласи за во администрација.

4.Нема откуп на јагне, сточарите донесени до питачки стап.Државата не дава помош за да го спаси сточарството.

5.Власта не прифати ниту една од предложените мерки на ВМРО-ДПМНЕ.Се води политика на ПР на функционерите од СДСМ врз грбот на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега