Заев: Нема поважно од здравјето на луѓето, има време за избори

Сите анкети кои беа направени во февруари, пред да започне коронакризата покажаа дека СДСМ заедно со коалицијата води со 4-5% пред опозицијата. И доколку се оддржеа изборите на 12 април анализите покажуваа дека дефинитивно победуваме. Но, нема поважно од здравјето на луѓето, како и санацијата на економските последици, затоа датумот за избори ќе биде одлучен по завршувањето на кризата. истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на емизијата 360 степени на ТВ Алсат.

Претседателот Заев посочи дека секое лицитирање со датуми би било погрешно, секако дека е можно било кој месец од јуни до последниот датум 11 декември, но секако тоа сега не може да се предвиди со сигурност. Најоптимистичко сценарио е да бидат во јуни доколку се земе во предвид прогнозата дека пикот би бил за еден месец, а периодот на закрепнување уште еден месец, мај, така што јуни би можело да се оддржат избори, но сосема со друга форма на кампања, без големи собири и митинзи, истакна Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега