Отстранети само 28 непрописно паркирани возила од јавните површини
Во текот на изминатата недела (20.03 - 26.03.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 28 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 11 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 17 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.
„Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 107 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 11 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, стои во соопштението на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа