СДСМ: Придобивките од членството во НАТО се видливи

Во време кога сме соочени со силна здравствена и економска закана, се остваруваат двете најголеми стратешки цели на државата. Нашата држава и официјално стана членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ. Се остварува стремежот на многу генерации, велат од СДСМ.

Според партијата, сето ова ги потврдува исправните и успешни политики на СДСМ, а, како што велат, веќе сведочиме на првичните придобивки од овие успеси.

-Европската Унија како првична помош во справување со коронавирусот одвои меѓу 66 и 70 милиони евра за нашата држава, а како членка на НАТО Алијансата нашата земја веќе го користи системот за командување со инциденти од следната генерација на НАТО за да го координира својот одговор на кризата ковид-19 и да и обезбеди на својата јавност информации и совети во реално време, се вели во соопштението.

Од СДСМ велат дека тоа се првите и директни придобивки од нашиот напредок во евроинтеграциите.

-Во време на ваква криза, државата, институциите покажаа дека имаат капацитет да работат на реализација на важните цели, да работат посветено во интерес на граѓаните и државата. Како одговорна партија целосно сме насочени кон заштита на здравјето на граѓаните како врвен приоритет преку поддршка на институциите кои бескомпромисно се борат против заканата од ширењето на коронавирусот, велат од СДСМ.

Оттаму апелираат до сите граѓани на целосно и доследно почитување на мерките и препораките на надлежните институции.

 

-Истовремено, упатуваме благодарност до сите кои учествуваат во борбата со коронавирусот односно до здравствените работници, лекарите, полицајците, службениците, затоа што сите тие наши херои. Република Северна Македонија храбро чекори напред, за безбедна, сигурна и просперитетна иднина на сите граѓани, велат од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега