СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од државното финансирање, да престанат со обидите да профитираат од кризата

Во период кога државата максимално ги вложува сите кадровски и технички капацитети за да го спречи ширењето на опасниот вирус, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политичкото и финансиското профитирање, велат од СДСМ.

Според партијата, крајно несериозно е политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ да ја користи секоја прилика за партиско профитерство.

Мицкоски во многу наврати периодов демонстрираше неконструктивност, незнаење и креираше лажни вести само да им наштети на државните институции во нивната професионална посветеност кон здравствената криза. Со таквото однесување Мицкоски уште еднаш покажува дека личните и партиските интереси му се далеку поважно отколку здравјето на граѓаните, отколку економската состојба во државата. Наместо да се обидуваат да профитираат политички од кризата со коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од финансирањето на партијата од буџетот, а ослободените пари да се пренаменат во фондот за справување со последиците од коронавирусот, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега