ВМРО-ДПМНЕ: Реалноста е неподнослива за обичните граѓани

Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со економска и здравствена криза. Граѓаните додека се загрижени за својата иднина, СДСМ преку бледи соопштенија се фали со своите „успеси“,  велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашите сограѓани додека ги губат работните места, бизнисите на стопанствениците пропаѓаат, граѓаните го губат парчето леб, СДСМ води евтин ПР.

Реалноста е далеку поразлична од онаа на СДСМ која што ја преставува. Реалноста е дека граѓани на Република Македонија денес се чувствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени за стабилна иднина и реформи. Граѓаните бараат да се намали стапката на криминалот, корупција и конечно да има воспоставување на политика на принципи и вредности.

 

ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжи да работи и да се бори за подобра иднина на Република Македонија“ реагираат оа партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега