ДУИ: Владеењето на правото и правната држава е апсолутен приоритет на сите нас

Ние продолжуваме силно да го поддржуваме правилното владеење на правото и за да стигнеме до европска правда, треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки кои се основаат на нарачки а не на закон, велат преку соопштение од ДУИ.

Од партијата велат дека неселективната правда се постигнува преку целосен Ветинг на обвинителите, судиите и политичарите.

„На кревката доверба на институциите на правдата во очите на граѓаните како последица на постојаните политички влијанија, потфрлувањето на специјалното обвинителство, рекетот и алчноста, Боки 13, Сваровски и Луи Витон мотивите треба да и се стави крај.

Една земја членка на НАТО и во процес на преговори за членство во Европската Унија треба да се грижи за интегритетот на институциите, правната предвидливост и некорумпирана правда.

ДУИ го подржува Ветингот за сите и нема да го коментира денешниот случај се до завршување на постапките  во највисоките инстанци“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега