ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на СДСМ да покажат солидарност со народот и да се откажат од примањата и луксузот

ВМРО-ДПМНЕ јавно се откажа од буџетско финансирање уште пред една недела. Но, СДСМ слуша само тоа што сака да слушне и држат празни прес конференции и не нудат никакви решенија со кои ќе им се помогне на граѓаните, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да држат празни прес конференции, функционерите на СДСМ јавно да излезат и да се откажат од своите примања од државата.

Нема збор од Оливер Спасовски да се откаже од 88.000 денари плата. Нема збор ниту од Шекеринска да се откаже од платата  од над 80.000 денари, ниту од Царовска која зема плата од над 73.000 денари. Но, нема збор ниту од Никола Димитров, ниту од Рената Десковска.

Не само што нема збор функционерите на СДСМ да се откажат од своите плати, нема збор и да тие се откажат од своите привилегии како што се службените возила, телефони, репрезентации кои ги прават со и плаќаат со парите на народот.

Наместо да држат празни прес конференции, СДСМ и нивните функционери треба веднаш да се откажат од своите примања и да му помогнат на македонскиот народ.

 

Македонија ќе ја преброди оваа криза.Државата преживеала многу. Неспособните политичари кои се обидоа да ќарат на грбот на граѓаните ќе бидат казнети“ пишуваат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега