Мицкоски: Ефектот на пандемијата и во други области ќе биде катаклизмичен

Пандемијата не е наивна од медицински и здравствен аспект, но истовременоо ефектот во некои други области ќе биде исто така катаклизмичен, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Фактор“.

Според него, претстои економска, санитетска и образовна криза во светот.

Во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дел од парите на приватните пензиски друштва, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен стоб, Мицкоски вели дека во моментот државниот Фонд не може да издржи.

дноставно, трошоците се зголемени повеќепати, а од друга страна нема ребаланс, не гледаме дека некој се грижи да го засили буџетот на здравствениот фонд. Единствено нешто што се случува е да се обидеме да добиеме некаква донација од странство. Практично, засилувањето на капацитетите на здравствениот систем во државата се темели на милост. Дали некој ќе ни донира. Не се темели на некоја стратегија која што требаше веќе да ја имаме, вели Мицкоски.

Според него, уште кога епидемијата изби во Кина, власта не сакаше да ја согледа реалноста што може да се случи, ниту пак, направила подетална анализа што може да се случи ако таа се прошири.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека развиените земји уште на почетокот предупредуваа за можните последици.

-Тие го правеа и уште тогаш предупредуваа за можните последици, но не беа доволно гласни можеби. Но ние воопшто, во тој момент не ни анализиравме што може да се случи. Ни гласно, ни тивко, ниту знаевме што се може да се случи. Но, тогаш ни беше приоритет како повеќе закони, популистички да донесеме во Собрание, затоа што избори ни идат, вели Мицкоски.

Според него, мерката за компанијата да добијат субвенција од 14.500 денари по вработен, Мицкоски вели дека постои трик.

-Само уште 2-3 збора за мерките на Владата. Суштинската мерка е до најмногу 14.500 денари субвенција по работник за работодавачите сразмерно со бројот на работни ефективни часови за месеците април и мај. Сега еве јас ќе ве прашам вас вие сте искусен новинар во оваа област. Имате вонредна состојба која ќе заврши претпоставувам некаде 15-20 април и најверојатно ќе се продолжи уште најмалку еден месец или два, но еве да претпоставиме дека уште еден месец. Што значи дека вие во април месец поради мерките на владата и вонредната состојба нема да сте во можност да имате број на ефективни работни часови и ќе добиете нула субвенција, рече Мицкоски.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ има сет на мерки, но потребна е робусна акција за да се најде начин како до јуни да се преброди кризата.

Предлагаме мерката да важи за месец март, за април и за мај, односно работодавачот да добие субвенција во април за март, во мај за април и во јуни за мај. Предлагаме да секој работодавач да добие 50 проценти од бруто трошоците кој што тој ги има по вработен. Значи да се субвенционира половина од вкупниот бруто трошок односно од нетоплатата плус придонесите и персоналниот данок. Ако ги добие секој работодавач ќе си рече дека државата му е негов партнер, ќе сака да најде начин да го задржи бизнисот и потоа ако го задржи бизнисот до крај на јуни според некои наши калкулации, тогаш нема потреба да отпушта работници ниту во јули, ниту во август, ниту во септември. Нема потреба да биде оваа репресивна мерка однсоно задржете ги вработените да создавате артифицијален притисок врз работодавачите. Самите тие ќе бидат мотивирани да работат, да остваруваат, да приходуваат и да уплаќаат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега