СДСМ: Со економските мерки им се помага на работниците, ги спасуваме работните места

СДСМ го поддржува вториот голем пакет економски мерки за справување со економската кризата, вреден 200 милиони евра,  што го донесе Владата и го поздравува фактот што се усвоени голем дел од економските мерки што ги предложивме, велат од СДСМ.

Според партијата, со мерките, кои, како што велат, имаат за цел да го ублажат економскиот удар, опфатени се граѓаните, работниците, малите и средни компании, дуќаните, занаетчиите и тие што се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците...

- Обезбедуваме финансиска поддршка за исплата на платите на работниците од фирмите погодени од здравствено-економската криза, минимална плата од 14.500 денари  за месеците април и мај за секој работник.  За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во  последните 24 месеци.  За сите спортски работници вработени во спортските здруженија,  како и за самостојните уметници  обезбедена е минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.  Се грижиме и за лицата во неформалната економија. Обезбедуваме надомест  од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.  Духот на солидарноста и неопходните заштеди сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година. -Дополнително,  претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, претседатели и членови на Советите во општините, а кои се вработени нема да примаат надомест за времетраење на кризата, велат од СДСМ.

Посочуваат дека време е за солидарност и заедничка акција во борбата против коронавирусот и санирање на екононските последици од оваа глобална пандемија.

-СДСМ во изминатите две и пол години покажа дека знае и може преку конкретни политики да се справи со сериозни предизвици и да постигне успешни резултати. За нас секој граѓанин, секој работник, секое работно место и секоја фирма и компанија се важни, се вели во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега