ВМРО-ДПМНЕ: Угостителите од Охрид бараат дополнителни мерки

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните “вашите проблеми, заеднички решенија-ја сакам Македонија”, до нашата партија и денес пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кој се соочуваат граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓанин од Велес апелира власта да постави пунктови со дезинфициенси и антисептици на сите поголеми раскрсници во градовите низ државата, како и на други места кај што вообичаено поминуваат повеќе луѓе.Бесплатни заштитни маски и ракавици за сите граѓани над 55 години бара граѓанин од Битола. Угостител од Охрид бара дополнителни мерки за угостителите, кои како што пишува не се опфатени со мерката на Владата, а тоа се неколку илјади работници кои работат во хотелите, рестораните, кафеаните и кафичите, објекти кои не работат веќе половина месец, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ги повикаа грѓааните предлозите да ги испратат на zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега