Нејмар назад во Барса, ако Гризман „плати“ за него

Францускиот напаѓач Антоан Гризман можно е во летниот преоден рок да се пресели во ПСЖ како дел од трансферот со кој Нејмар би се вратил во Барселона, објави Sky Sports.

Каталонците се подготвени по само една сезона да се збогуваат од Гризман кој не ги одушеви по доаѓањето од Атлетико, па се фокусираат на тоа да го вратат Бразилецот во своите редови и да го донесат и Лаутаро Мартинез од Интер.

Барса се надева дека ПСЖ ќе се согласи да го продаде Нејмар за 150 милиони евра, од кои 100 милиони ќе бидат надоместени со заминувањето на Французинот.

Ако „Парижаните“ ја одбијат оваа опција, Барселона ќе се обиде да го продаде Гризман на некој друг клуб за 100 милиони евра.

Sky Sports сепак нагласува дека е малку веројатно дека вакви скапи трансфери ќе се реализираат летово, со оглед на тоа дека целиот фудбалски свет е на пауза поради пандемијата со COVID-19.

Гризман сезонава постигна само осум голови за Барселона, додека Гризман за четири години постигна 68 голови за каталонскиот клуб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега