Јанушев: Поднесовме предлог до Владата за поголема поддршка на погодените бизниси

Нема ниту еден субјект кој ги пофали економските мерки на владата. Пакетот мерки е недоволен и далеку од ефикасен за економијата. Ние имаме конкретни предлози кои до сега се неприфатени. Токму затоа ќе се бориме и понатаму да се издејствуваат мерки кои навистина ќе му помогнат на стопанството и ќе го заштитат на стандардот на граѓаните, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Вели дека партијата денеска поднесе предлог-уредба со законска сила за да се одржи ликвидноста на компаниите.

-Предмет на субвенционирањето е одржување на ликвидноста преку исплатата на бруто плата на работниците во компаниите за месеците март, април и мај 2020 година во износ од најмногу 50% од месечната бруто плата по работник.  За користење на субвенциите, компаниите треба да исполнат 2 услови, и тоа: Намалувањето на вкупните приходи на компанијата во месеците март, април или мај 2020 година да изнесува повеќе од 20% во однос на вкупните просечни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година или најмалку 10% од вработените во компанијата да отсуствуваат од работа заради прогласување на вонредната состојба и спроведување на мерките на Владата и  компанијата да не исплаќа дивиденда од денот на влегувањето во сила на уредбата до денот исплатата на платата за месец јуни 2020 година, напиша Јанушев.

Оттаму, партијата предложи и начин за субвенционирање на бруто платите на работниците.

ко намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 20% до 30%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 20%,  ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 30% до 40%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 30%,  ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува од 40% до 50%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 40% и ако намалувањето на вкупните приходи на компанијата изнесува над 50%, субвенционирањето на бруто платата по вработен изнесува 50%, напиша Јанушев.

Според него, висината на месечната субвенција по работник може да изнесува максимум до висината на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година.

-Субвенционирање не може да користат компаниите само во случај ако ја намалат платата на работникот за периодот додека се користат субвенциите, како и органите на државната и на локална власт (институциии која вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од државата, општините). Владата ако му мисли добро на стопанството ќе ја прифати оваа мерка. Ова е само мал дел од она што предлагаме да се направи. Продолжуваме да се бориме за стандардот на граѓаните, затоа што ја сакаме Македонија, напиша Јанушев.

Нема ниту еден субјект кој ги пофали економските мерки на владата. Пакетот мерки е недоволен и далеку од ефикасен за...

Posted by Igor Janushev on Thursday, 2 April 2020

02.04.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега