Серафимовска: Да се укине матурата за оваа година и да се донесат сет мерки за учениците

Ова не е време за натпревар, суета, партиски или друг вид поделби. Ова е време на војна во која што секој човечки ресурс е потребен на располагање на државата и на сите, истакна денеска на прес-конфренеција Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, електронското учење, односно користењето на мултимедија и интернет за образование на далечина не е новина, но оваа власт повеќе зборува и пишува препораки отколку што спроведува.

-МОН ги задолжи наставниците без реално да се согледаат можностите. Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година. Мерките кои што денес ќе ги предложиме не се апсолутна новина. Дел од нив веќе се применуваат во современиот свет, а дел се адаптирани на наши услови, вели Серамовска.

Таа предложи неколку мерки за образовниот систем.

- Одлука со која полагањето на државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде укинато. Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември.  Школската година да заврши на 10-ти јуни.  Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.  Укинување на законските ограничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта, предложи Серафимовска.

Серафимовска: Да се укине матурата за оваа година и да се донесат сет мерки за учениците

Posted by Press24 Fun on Thursday, 2 April 2020

02.04.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега