ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните апелираат, лица кои што се на лекување од рак да можат да ја земаат терапијата од матичен лекар

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните  „Вашите проблеми, заеднички решенија - Ја сакам Македонија“, до нашата партија и денеска пристигнаа десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓанин од Куманово забележува дека има луѓе кои се оставени без јавен превоз до Скопје иако се вработени во главниот град тие не можат да стигнат на работните места, бара Владата да овозможи тие да можат да стигнуваат до работните места надвор од Куманово затоа што нивната егзистенција е доведена во прашање ако ги изгубат работните места. 

Жител на Скопје вели дека лицата коишто се на лекување од рак или кои поминале хемотерапија и радиотерапија секој месец лековите ги земаат од Институтот за радиологија и онкологија . Но, заради олеснување во текот на состојбата со вирусот и ограниченото движење, бара Министерството за здравство да овозможи лековите да им бидат препишувани од матичните лекари.

Граѓани од скопската населба Аеродром предложуваат да се зголеми забраната за движење на лица помлади од 18  години, затоа што како најголеми преносители на коронавирусот се најнедисциплинирани во однесувањето. Предложуваат сите парични казни од непочитувањето на полицискиот час да се најде начин да се распределат како бонуси или награди за полицијата и армијата.

Сопственици на мали претпријатија апелираат дека се принудени да отпуштаат работници во овој период, но со тоа ја губат можноста за парична помош од државата, не гледаат начин како да останат ликвидни со покриени трошоци и да задржат вработени, ако не остваруваат добивка во овие месеци, паричната помош не е доволна.

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk .

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија“стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега