За една недела отстранети само 10 непрописно паркирани возила во Скопје

Во текот на изминатата недела (27.03 – 02.04.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 10 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, само 3 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 7 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 90 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 10 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа