ВИДЕО: Дете на потешкиот начин ја научи лекцијата „Само еден е Роналдо“

Татко фризер го шокираше синот, стрижејќи го како што тој дефинитивно не сакаше.

Детето пред шишање јасно му стави до знаење каква фризура сака – иста како на Кристијано Роналдо.

Меѓутоа, неговиот татко очигледно не е преголем фан на Португалецот и смета дека постои само еден Роналдо – Бразилецот.

Детето на крајот беше видно разочарано, бидејќи ја доби фризурата која бразилскиот Роналдо ја носеше на Светското првенство во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.

07.04.2020 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега