Бизнис делегација од Кина на средба со министерот Сарачини

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска се сретна со делегација од кинеската компанија  China Construction Firs Group Corporation, предводена од генералниот менаџер Шхи Куинг.

Целта на посетата на делегацијата од Кина во Македонија е непосредно да се запознае со деловните и инвестициските услови во земјава.

Министерот Сарачини ги презентираше потенцијалите и карактеристиките на Република Македонија во делот на бизнис-климата, позитивната даночна политика, како и поволните услови и можности што државата им ги дава на странските инвеститори. Зборуваше и за поедноставувањето на регулативата со Регулаторната гилотина, подобрувањето на инфраструктурата и модернизацијата на образовниот систем. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во проекти од областа на инфраструктурата, преку доделување  концесија за изградба на патишта, железници, изградба на хидроцентрали и други енергетски објекти.

Кинеската делегација покажа интерес за инвестирање во проекти од областа на патната, железничката и енергетската инфраструктурата.

 

најчитано сега