Ла лига би можела да се доигра на Канарските острови?

Се појави предлог шпанската Ла лига да се заврши на едно место, егзотичните Канарски острови.

Фудбалската сезона е прекината поради пандемијата од коронавирусот, а чие жариште во моментот е токму Шпанија.

И додека се бараат модели по кои би можело да се завршат европските првенства, се огласи сопственик на хотели со јасен предлог.

Сопственик на ланец на хотели во Тенерифе директно им се обрати на челните лица на лигата и им предложи шампионатот да се заврши на Канарските острови.

Како главна предност ја истакнал големата изолираност од остатокот на Шпанија, како и одличната хотелска инфраструктура и големата туристичка посетеност. На тој начин ќе добие и спортот, но и туризмот, зашто кризата од коронавирусот влијае и на сезоната на хотелиерите.

Клубовите би биле многу поблизу, а камповите како оние на Светските првенства.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега