Скопје: Се качил преку балкон и украл 5000 евра

Уште еден стан во Скопје мета на крадци. Пред два дена се случила тешка кражба во станот на 44-годишната С.И. лоциран на улицата „Павле Илиќ“ во Чаир.

Според информациите од полицијата, кражбата била извршена на тој начин што крадецот се прекачил преку балконот од станот и насилно ја отворил вратата, влегол, извршил пребарување и си заминал во непознат правец со 1.000 евра и разновиден златен накит.

На овој начин крадецот се збогатил за 5.000 евра.

21.10.2013 - 11:02
Фото: 
Дневник