Угро на погребот на Јованка Броз

Делегација од Македонија ќе присуствува на погребот на сопругата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, која почина вчера во Белград.

Во делегацијата ќе учествуваат претставници на партија Титовите леви сили и Здружението „Поддржувачите на ликот и делото на Тито", пишува Дневник". Ова го потврдил лидерот на Титовите леви сили, Слободан Угриновски, кој лично се познавал со Јованка Броз. Тој изјави дека со неа се сретнал последно пред пет години, а оттогаш се слушнале неколку пати по телефон. 

 

 

21.10.2013 - 11:24

најчитано сега