Општина Карпош објави листа на продавници, маркети и аптеки кои ќе работат викендот

 

Општина Карпош преку урбаните заедници постави известувања на влезовите од згради, на неколку маалски продавници, маркет и аптеки кои ќе вршат достава на неопходни продукти за време на викендот, соопштуваат од таму.

За време на викендот ќе работат и други ресторани, локали кои ќе вршат пица достава и слично, но согласно укажувањата од институциите, Општината ги објавува локалите кои можат да обезбедат неопходни продукти за секое домаќинство:

МАРКЕТИ/ПРОДАВНИЦИ

• ВЕРО МАРКЕТ: 075-488-129 и 075-499-782 (врши достава)

• ДЕНИС ФРЕШ (ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК): 070 – 210 – 533 (врши достава)

• СТАРИ КОМЕРЦ (КОЛОНИЈАЛ): 071 – 575 – 414 (врши достава)

• ТАЦ МАЦ (КОЛОНИЈАЛ): 070 – 357 – 577 (врши достава)

• БАРДИ ТРЕЈД (реон Бардовци): 075 – 582 – 525

АПТЕКИ

• ЗЕГИН: 078 – 214 – 892 (врши достава)

• ЕУРОФАРМ: 02/ 55 14 580

Градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат дома и да не ја злоупотребуваат поддршката од маркетите и аптеките.

– Седете дома! Посветете време на вашите блиски, разговарајте и споделувајте убави моменти. Овие години се оттуѓивме од непосредната комуникација. Сега, можеме да бидеме со тие кои ги сакаме, но и да се поврземе преку социјалните мрежи со нашите пријатели. Само така ќе придонесеме овој период да трае пократко. Коронавирусот ќе помине. Но, треба и целата заедница да се промени. Да станеме посовесни и поодговорни граѓани и животот да го цениме постојано, а не само кога сме во неволја, изјави Богоев во видео обраќање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега