Онлајн работа на неколку продавниции маркети во Кисела Вода за вике нд полициски час

 

Општина Кисела Вода соопшти дека за време на продолжениот полицискиот час викендов, на нејзина територија ќе работат неколку деловни субјекти за достава на храна и лекови, кои претходно аплицирале на Јавниот повик на локалната самоуправа.

-За онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници во сабота и недела,  достапни ќе бидат следните локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продуктиТИНЕКС-МТ на мејл адресата www.e-tinex.mkТДППУ Веропулос на броевите 075-499-782, 075-488-129, ТП Гоги на броевите 02-2763-094, 02/2779094 и меј адресата kioscigogi@yahoo.comЛедо Компани со телефонските броеви 078-268-838, 070-866-776, Трежр на бројот 074-242-444,и мејл адресата naracki@donesi.be , соопшти Општината.

Достапни ќе бидат и маркетите Киноа Трејд на бројот 072-266-976 и мејл адресата kinoatrejd@gmail.com, Јухор Елена месарници на броевите 075-745-383, 02-5111-772 и мејл адресата mpc-obezbeduvanje@hotmail.com, гостилница Инна-Ерна на бројот 075-926-692, Турбо на броевите 075-531-941, 075-711-629 и мејл адресата dimeturbo@yahoo.com ,ТОЛЛАКС на броевите 070-220-882, 02/616-0977 и на адресата tollaks@yahoo.com.

-За онлајн работа достапни се и Друштво за трговија на големо и мало ДЕНИЕЛ Сузана и Зоран експорт импорт на телефонскиот број 02-279-1134 и мејл адресата deniel_dracevo@yahoo.com . Друштво за трговија и услуги Маркет Детелин ДООЕЛ Скопје-подружница Детелина Скопје на броевите 078-233-416, 072-316-573 и мејл адресата marketdetelina@gmail.com . Угостителски објект за исхрана ЕМ-МЕР ТП на бројто 071-566-521 и мејл адресата topolec.meriton@gmail.com , ПЕТ ЕКСПЕРТ ДООЕЛ Скопје на бројот 071-276-568 и адресата info@pet-expert.mk , Петар Транс ДООЕЛ Скопје на телефонскиот број 078-373-507, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.

Оттаму информираат дека дежурна ќе биде аптеката „Зегин”- Драчево 1, на улицата „Димитрија Чуповски“ број 68 во населбата Драчево. Телефонскиот број на ова аптека е 078/478-204. Истата ќе биде отворена од 07:30 до 15:00 часот.

Општината апелира до сите наши жители за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство, со цел побрзо надминување на оваа тешка ситуација со која сите се соочуваме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега