Собранието го разреши Борис Кондарко

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска пред почетокот на 74. седница ја констатираше оставката на претседателот на ДИК, Борис Кондарко, која тој ја поднесе од лични причини пред неколку денови.

Беа констатирани и оставките на Тони Дескоски, претседател на Комисијата за решавање на жалби од областа на хартии од вредност и Насер Демири, член на Комисијата за решавање на жалби од областа на хартии од вредност.  

Собранието започна со разгледувањето на предлог закони по скратена постапка. Меѓу другите, утврдена е потребата за донесување на законите за изменување и дополнување на Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Томовска појасни дека надлежноста за одлучување во втор степен против актите донесени од страна на инспекторите се пренесува од Комисиите, согласно законот за инспекциски надзор, на Државната комисија  за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

21.10.2013 - 11:59

најчитано сега