Легенда на Ливерпул позитивна на Ковид-19

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Кени Далглиш (69) е позитивен на Ковид-19 и моментно се наоѓа на болничко лекување, соопшти вечерва неговото семејство.

„Кралот Кени“, како што го нарекуваат фановите на „црвените“ од „Енфилд“, е хоспитализиран од средата.

Поранешниот шкотски репрезентативец се надева дека ќе се избори со коронавирусот, додека семејството упати молба до медиумите да ја почитуваат неговата приватност, бидејќи, со оглед на возраста, спаѓа во ризична група на заболени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа