Стартува спроведувањето Менаџмент етика за поквалитетни услуги на администрацијата

Владата преку менаџмент етика ќе се обиде да го унапреди квалитетот на услугата која државата им ја дава на граѓаните и компаниите. Концептот ќе започне да се спроведува од денеска по обраќањето на премиерот Никола Груевски пред околу 3.000 раководни лица од администрацијата, министри, директори на органи, институции, болници, претпријатија, трговски друштва, членови на управни и надзорни одбори, раководители на сектори во институциите и органите.

На промоцијата на новиот концепт ќе се обратат и вицепремиерите Зоран Ставрески, Владимир Пешевски и Фатмир Бесими, како и министрите за информатичко општество и администрација и за правда, Иво Ивановски и Блерим Беџети.

Целта е да се оствари директна групна средба на премиерот и владините министри, односно првото ниво на управување и раководење, со второто и третото ниво на извршната власт, при што посебен акцент се става на етиката како модел на однесување кој нуди продуктивност, ефикасност и ефективност преку примена на најдобри модели за постапување. 

21.10.2013 - 12:22

најчитано сега