СДСМ: Јанкулоска да добие прекршочна пријава

Петре Шилегов денеска информираше дека СДСМ до  Државната комисија за спречување на корупција поднеле барање за покренување на иницијатива за поведување на постапка против министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

- Гордана Јанкуловска како именуван функционер во Владата на Р. Македонија, согласно член 34 од Законот за спречување на корупцијата има за обврска во рок од 30 дена да го пријави секое зголемување на нејзиниот имот, односно на имотот на член од семејството. Видно од Анкетниот лист на Гордана Јанкуловска, постои разлика помеѓу имотот кој што е заведен во него, од имотот заведен во нејзиниот имотен лист и имотниот лист на нејзиниот сопруг. Тоа укажува дека Гордана Јанкуловска нема постапено по одредбите на Законот за спречување на корупција на начин што го нема пријавено зголемувањето на имотот, изјавуваат од СДСМ.

Шилегов изјави и дека дополнително, јавно го повикуваат Министерството за внатрешни работи, полициска станица „Беко“, како надлежен орган, против лицето Гордана Јанкуловска, времено вработена како министер за внатрешни работи, да покрене прекршочна постапка затоа што, видно од поднесената Тужба против портпаролот на СДСМ, ја нема променето адресата на живеалиште во личната карта.

 

 

 

21.10.2013 - 13:46

најчитано сега