Шилегов: Не само што ќе се врати, туку ќе дојде и поубав забавен живот во Скопје после кризата

 

Убеден сум дека не само што ќе се врати истиот, туку дека ќе дојде и поубав живот после кризата. Извлековме многу поуки како луѓе пред се. Научивме да го цениме времето поминато со семејството, со најблиските, со саканите, но и да ја цениме слободата. Научивме да се грижиме едни за други, да бидеме похумани и посолидарни. Научивме да се почитуваме меѓу себе, но и да ги почитуваме законите на природата. Верувам дека овие научени лекции уште долго ќе останат во колективната меморија на сите нас кои ќе ја пребродиме кризата и кои со нетрпение ги очекуваме новите предизвици на културно-забавниот живот во нашето Скопје, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во денешното интервју за „Фактор“.

-Комуналните служби се заштитени онолку колку што се заштитени сите останати служби во државата, во Градскиот парк. На кејот на Вардар и на другите јавни површини невозможно е да се постават физички бариери за да може физички да се спречи движењето на луѓето. Град Скопје разгледува и други опции на штедење, но секоја погрешна изјава може да предизвика паника кај граѓаните која непотребно ќе предизвика неповолни последици. Угостителскиот сектор во Скопје го помагаме на начин што ја намаливме таксата за терасите на угостителските објекти кои се наоѓаат на јавни површини, од 15 на 5 денари по метар квадратен на ден, повторно колку што е законскиот минимум, тврди меѓудругото во интервјуто.

На прашањето планира ли градот да донесе дополнителни економски мерки со кои ќе им се помогне финансиски на физичките и правни лица, тој вели:

-Намалувањето на фирмарината од 7.000 на 4.000 денари, колкав што е законскиот минимум,  е само една од мерките со кои Град Скопје како институција ја помага домашната економија која е погодена од пандемијата. На истата седница на советот усвоивме и други мерки. Планираниот кредит за изградба на Забавниот парк го откажавме и одлучивме да подигнеме нов кредит кој ќе ни овозможи непречено да продолжиме да ги градиме и реконструираме скопските улици, тротоари и други инфраструктурни објекти. На тој начин ќе ги избегнеме кратењата во тој дел, ќе имаме нови или реконструирани улици кои согласно досегашните искуства ги изведуваат домашни компании. Во домашните компании работат наши сограѓани, граѓани на РСМ, а истите и плаќаат даноци кои се слеваат во државниот буџет.

Дополнително, угостителскиот сектор во Скопје, го помагаме на начин што ја намаливме таксата за терасите на угостителските објекти кои се наоѓаат на јавни површини, од 15 на 5 денари по метар квадратен на ден, повторно колку што е законскиот минимум. Го зголемивме и периодот на плаќање на комуналиите од досегашните 12 на 18 месечни рати, за градбите со комуналии кои надминуваат 1 милион денари. На истата седница на Советот упативме и препорака до училишните одбори на средните училишта кои одлучуваат за издавањето на салите и другите простории во училиштата, да ги ослободат закупувачите на овие простории од обврската за плаќање закуп за месеците додека важи забраната. 

Ја следиме будно ситуацијата, кризниот штаб на Град Скопје е во постојана комуникација со кризниот штаб на Владата, доколку се јави потреба од дополнителни мерки, навремено ќе се реагира со цел колку што е можно да ги ублажиме последиците по приватниот сектор од економската криза предизвикана од пандемијата - вели Шилегов.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега