ФОТО: Извадена калдрмата од Старата скопска чаршија , Дурловски и Жугиќ реагираат -„Управа! Живи, здрави?“

Од вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека е извадена калдрмата од Старата скопска чаршија, што предизвика бура реакции кај граѓаните.

Оперскиот пејач ги сподели фотографиите на својот Фејсбук профил, а во опис напиша: „Ја гушна ли некој старата скопска чаршија?“

Актерката Јелена Жугиќ бесна обвини дека од Управата за културно наследство „штанцаат“ одобренија и дозволи.

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска во 13:00 часот во Старата Скопска Чаршија - Плоштад Скендербег, ќе одржи прес конференција за да го објасни работниот процеси во Старата Скопска Чаршија во рамките на проектот за зачувување на нејзината автентичност по реакциите на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега