Утре вода ќе нема на неколку локации во Скопје

Корисниците од ул. „Македонско-косовска бригада“ крак 11, дел од „Босна и Херцеговина“, трговскиот центар „Retail Point“ и касарната „Илинден“. утре од 9 часот ќе немаат вода поради изведување водоводен приклучок, информира Регионалниот центар за управување со криза по известување од ЈП „Водовод и канализација“.

Водоснабдувањето од 9 часот утре ќе биде прекинато и за корисниците од улиците „Миладин Поповиќ“, „Беджих Сметана“ и дел од „Орце Николов“ поради дефект на приклучна цевка на ул.„Миладин Поповиќ“.

Од ЈП Водовод и канализација е соопштено и дека поради изведување  водоводен приклучок за висока и ниска зона на ул. „Петар Ацев“ 7, прекинато водоснабдување од 9 часот ќе имаат корисниците од таа улица.

Прекините на водоснабдувањето ќе траат до завршување на  интервенциите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега