Одредени мечевите за бараж на Мундијалот во Бразил 2014

Денеска беа одредени двојките за бараж дуелите од европската зона за Мундијалот во Бразил 2014 година. Во седиштето на ФИФА, осум репрезентации беа поделени во два шешира, при што беа извлечени следните бараж дуели- Португалија – Шведска, Украина – Франција, Грција – Романија , Хрватска – Исланд.

Првите мечеви се закажани за 15 ноември, додека реваншите се играат на 19 ноември. 

Тие кој ќе триумфираат обезбедуваат пласман на СП во Бразил. 

Од европските квалификации пласман на СП веќе изборија: Белгија, Италија, Германија, Русија, Англија, Босна и Херцеговина, Холандија, Швајцарија и Шпанија.

Европа на Светското првенство ќе ја претставуваат 13 репрезентации.

21.10.2013 - 14:43

најчитано сега