Почина 70 годишна жена во болницата во Охрид - се испитува дали имала коронавирус

Седумдесетгодишна жена од струшкото село Подгорци доцна синоќа починала на Инфективното одделение во Охрид, дознава Алсат-М.

Како што пишува Алсат-М, веднаш ѝ бил земен брис за Ковид-19, но се уште нема информации дали жената е позитивна или не, иако првичните информации се дека таа неколку дена се лекувала сама.

На терен веќе се присутни и мобилни тимови во дел од струшките села, кои ги тестираат жителите.

-Од првичните анализи и познавајќи го овој регион и менталитетот на луѓето, анализата наведува на тоа дека луѓето не се свесни за сериозноста на оваа болест. Потоа менталитетот e таков да ги кријат симптомите и не ги кажуваат и кога ќе биде веќе касно за да се интервенира, тогаш не може да се врати здравјето назад и доаѓа до фатални исходи. Секако дека се очекува зголемување на бројот и во струшкиот дел и во Охрид. Никој не е поштеден. Сега особено што вирусот е во локална трансмисија и не знаеме кој е носител, рече Сашо Точков- директор на Центар за јавно здравје Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега