СДСМ: Пресудата за новинарот Кежаровски е скандалозна!

Во услови кога целата јавност, меѓународните организации и експертската јавност очекуваа ослободување на новинарот Томислав Кежаровски и се укажуваше на злоупотреба на мерката притвор, која петпати му беше продолжувана, изрекувањето на четири и пол годишна затворска казна за Кежаровски е скандалозна, изјавија денеска од опозициската СДСМ.

- Загрижувачка е леснотијата со која се изрекуваат вакви пресуди кои ги рушат основните човекови права и слободи, кои креираат нови човечки трагедии а на семејството на Кежаровски му нанесуваат дополнителна животна драма.Оваа пресуда има сериозна последица врз слободата на изразување и испраќа јасна порака за цензура насочена кон останатите новинари и медиумски работници. Дополнително, се продлабочуваат сомнежите дали можеби на Томислав Кежаровски му е изречена казна за некое друго дело, кое не е поврзано со процесот „Ликвидација“?, истакнаа од СДСМ.

Од СДСМ посочуваат дека за дискутабилноста на оваа пресуда јасно говори и денешната реакција на Дуња Мијатвоиќ, специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите во Македонија, која вели дека е „згрозена од денешната пресуда“ на македонските судови.

 

 

 

 

 

 

 

21.10.2013 - 15:38

најчитано сега