Чулев: 56 лица не ја почитувале забраната за движење

56 лица не го почитувале полицискиот час во изминатите 24 часа, од кои едно лице е на возраст над 67 години, а две се до 18 години, информираше министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Приведени се 36 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.

На 307 лица се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјава за самоизолација.

Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните како една од...

Posted by Наќе Чулев on Wednesday, 15 April 2020

16.04.2020 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега