Моторциклист потешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

Моторциклист е повреден вчера во сообраќајна несреќа која се случила на улицата .„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

Како што соопштува полицијата, незгодата се случила помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ф.(26) од Скопје и мопед „ерси“, без регистарски ознаки, управуван од И.Ј.(27) од Скопје.

- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

 Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега