Министерката Јанкулоска бара милион денари оштета од Шилегов

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска реагираше на обвинувањата на опозициската СДСМ и посочи дека против Шилегов покренала приватна тужба со оштетно побарување од милион денари во врска со нивното изрекување.

- Шилегов конечно и јавно го покажа стравот и ги призна сите клевети и измислици изречени изминатиот период. Одеднаш од неговиот вокабулар ги снема лажните обвинувања за криминално богатење, купување на станови со измислена квадратура, прикривање на продажбата на стариот стан и купувањето на новиот итн. Сепак штетата е нанесена и Шилегов, како и во секоја правна држава, ќе мора последиците за своите постапки да ги сноси на суд. За да го илустрираме мотивот на стравот, на увид на јавноста ја ставам и приватната тужба со оштетното побарување од милион денари, се вели во реакцијата од министерката.

Таа ја повика ДКСК што е можно порано да се произнесе по претставката, но и судот да закаже рочиште за да може Шилегов побргу да ги докаже изречените клевети.

21.10.2013 - 16:25

најчитано сега