Побарани парични казни за 40 прилепчани за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основен суд – Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 40 лица за непочитување на полицискиот час.

– Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата за спречување на Ковид-19, во одделни кривично правни настани во временскиот период од 10 април до 16 април 2020 година, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството на надлежниот суд му предложила за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега